од Ванчо Полазаревски
- Скар тебе! - рече тој - Скар и тебе. - рече таа. -Е, ама мојот скар е поголем од твојот. - Не, туку обратно, поголем е мојот. - Е па, за да провериме, ајде да ги мериме. И застанал едниот скар, што личел на расеан библиотекар, до него, вториот скар, небаре разбушавен аптекар. И, се мереле, мереле, мереле... И - ништо. Не се измериле. А, кој скар е поголем? Е тоа е проблем. И продолжиле, уште се мереле, а други деца од наоколу се береле, едни коментирале, дискутирале, пееле, други се проѕевале, задевале... па сите се разиграле. И така, од двете скар, што се ѕвереле и што се мереле и кој е поголем трепереле, сама од себе, се измисли нова игра: „мерење скар“, Па сега, секое дете избира што да биде: банкар, зелкар, чавкар, млекар...
Илустрација: Наташа Костовска