Композиторката лиса

од Владимир Мартиновски

Еден убав сончев ден кума лиса
Решила да плете музичка низа.

Се качила на кулата во Пиза
Си нарачала семејна пица.

Си слушала како пее една птица
И препишувала музичка низа.

Но нотите на наша кума лиса
Биле криви ко кулата на Пиза.

(Плус измачкани со кечап од пица,
И по некое пердувче од птица).

Тогаш нашата кума лиса
Ја зафатила голема грижа.

Сфатила дека во нејзината низа
Премногу високи тонови се нижат.

Високи ли се оти сум на кулата во Пиза?
Се прашала нашата кума лиса.

Високи ли се оти во лет ги пее птица?
Си рекла и пак гледала во од петолиние жица.

Но додека се думала композиторката лиса
Останала без корките од големата пица.

Во воздух ги мези гладната птица 
Таму високо над кулата во Пиза. 

Заслужи да грицка – си вели лиса – 
Оти од неа ми е целата музичка низа!



Илустрација: Зоран Кардула


Песна од книгата „Хор во задниот двор“, во издание на „Чудна шума“


Од истиот автор:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s