од Ванчо Полазаревски
Еден рис скокум, еднаш уловил зајак небаре локум. Зајакот веднаш остро го сече, со потсмев рече: „Рису гревче, иш! Јас сум посен зајак, зајак-играчка од плиш.“ Рисот пак во лов се вдаде, оти мораше нешто да јаде. Улови лисица, каква... фантастика, шарена како за џвакање мастика. Ама... наместо месо – жици, пластика... Беше јасно, но не и во ред, ко два плус три дека се пет, шумата цела беше полна смет. Мевце рисот не можеше да ќари, поради т.н. немање пари, и затоа кутриот чорба зелје вари.
Илустрација: Алексеј Костовски
Песна од стихозбирката „Баба Рога вежба јога“, во издание на Чудна шума
Од истиот автор: