„Толди“ и други творби

од Јана Борбала Панзов 

Во нашето катче за детски творби (со или без мала помош на родителите 🙂 ), денеска ја имаме Јана Борбала Панзов, полу Македонка и полу Унгарка која живее во Унгарија. Јана има 11 години и учи во 6-то одделение. Сака да црта и изработува плетени играчки амигуруми. 

Јана

Често црта инспирирана од книгите што ги чита, од филмовите што ги гледа, или пак од секојдневните случки што ѝ се случуваат и луѓето што ги среќава. Кога ќе порасне сака да биде аниматор и илустратор.

Ви претставуваме неколку дела на Јана во галеријата на слики подолу (цртежи и амигуруми), но освен нив Јана нацрта и стрип како домашна задача – илустрирање на стихови по избор од поемата „Толди“ од унгарскиот автор Јанош Арањ. Под стрипот ќе го најдете и препевот на поемата на македонски (дело на нејзиниот татко Златко Панзов).

Јанош Арањ: „Толди“

1
Зад кулата засипана в прав од ветрот, 
оружје гордо блеска, војска горда се гледа. 
2
За друг готват, другому гозба прават,
Ѓерѓ е дома, првородениот во домот.
3
Каменот млински го крена, на кој седеше таму
и го џитна сред дрските Ѓерѓови луѓе.
4
Се крие крај поток, се крие во трски,
на светот нема кај да положи глава.
5
Под него се најде едно волчјо гнездо,
две волчиња завиваа од него болно.
6 
Животни се смирија сите внатре, надвор, 
и кучињата дури заспаа в плевна.
7
Немој да прашуваш што ме мачи дете,
витези погребав денес, двата мои сина. 
8
Велможен мој кралу, со горчина велам,
жално, но да ти пријавам треба.
9
Бикот сепак ко бурен виор лета,
колку е долг и широк патот не гледа.
10
Ама што и да кажам, устата ќе ми згреши 
не не, стигна до бројка цела: стотка.
11
Клекна огромниот Чех: Молам! Милост!
Бога моли. Патот ти го кажувам, еве.
12
Украсен бил мечот со дијаманти и злато,
му го предаде на Толди велејќи: Земи!

А и вие драги деца и родители, бидете дел од нашето креативно катче и испраќајте ги вашите творби на нашата електронска пошта chudnasuma@gmail.com.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s