од Долорес Атанасова – Лори
Мачорот се вика Маркиз Миро, другар му е штурецот Спиро, двајцата се брзи ко стрела кога низ дворот треба да се бега. Има уште еден другар, гавранот Петар Грачко, везден грака: „Тргни ми се од патот, страчко!“ Миро живее во скутот на Исидора и нонстоп сонува за Бора Бора. Ете го и детето Андреј, инсистира Миро да се презива Гранде, жена му да се вика Симонида, мачкица од зад седум рида. Како што рече Андреј, така и бидна, ене ја Симонида со децата везден будна. Миро пак, мирно спие во скутот на Исидора и сонува ли, сонува за Бора Бора.
Илустрација: Em Ellephantski