Воден циклус – кружење на водата

Водениот циклус или кружното движење на водата е процес кој го опишува постојаниот кружен тек на вода во Земјата и нејзината атмосфера. Водата патува низ земјата и атмосферата во три различни агрегатни состојби: цврста (мраз), течна (вода) и гасовита (пареа). 

Иако водата се смета за обновлив ресурс, на Земјата има ограничени количини вода. Целата вода на планетата се движи низ природата во затворен циклус, кој се состои од повеќе фази: 

– испарување на водата од океаните и другите водени површини, односно менување на водата од течна во гасовите состојба;

– транспирација (испарување на водата од растенијата);

– задржување на водата во атмосферата (во форма на пареа, облаци или влага);

– кондензација на водата – менување на водата од пареа во течност;

– врнежи –  ослободување на водата, во течна (дожд) или цврста форма (снег, град) од облаците;

– акумулација (собирање на водата во мраз или снег); 

– истекување на водата од мразот и снегот во водотеците (реките, потоците);

– акумулација на врнежите и истечените води во поголемите водени површини (слатки води – езера и солени води – мориња и океани).

Водата во реките, езерата или океаните се загрева под дејство на сончевата топлина и се претвора во водена пареа. Процесот на испарување се забрзува со зголемување на температурата и присуството на ветерот.

Мало количество вода стигнува во атмосферата со процес на транспирација – испарување од растенијата.

Во горните делови од атмосферата, под дејство на студениот воздух, водената пареа се собира во облаци. Овој процес се нарекува кондензација. Кондензацијата се случува и во пониските слоеви во атмосферата, во форма на роса и магла. 

Врнежи се јавуваат кога кондензираната вода се спојува во поголеми капки. Овие капки не можат да останат споени, се разделуваат и се враќаат назад на земјата како дожд, град, лапавица или снег.

Кога водата ќе падне на Земјата, таа се апсорбира во земјата, испарува или се враќа во реките, езерата или морето. Овој процес се нарекува акумулација – собирање.

Потоа циклусот се повторува од почеток.


Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s