од Ванчо Полазаревски
Тргнаа на пат летен со елан тотално комплетен, и по една чанта тате, пантер Панта и ќерка му Саманта. Да остварат ветување од пред три лета: татко со ќерка светот да го шета. И го видоа градот вечен, Рим наречен, и Токио градот на иднината, Париз, престолнина на светлината, па, Њујорко, големото јаболко, а не беше одмината ни Москва со златните ѝ мината. Ги привлече, просто пубертетски, и славниот Лондон, светски... Шетаа, се нашетаа, Панта и ќерка му Саманта и најпосле се уверија, за стално, од шума да ти немало на светот, ништо - пофеноменално.
Илустрација: Наташа Костовска