од Владимир Мартиновски
Кога имаш повеќе од две раце Да свириш без прекин е лесно. Октоподот ем тропал на дајре Ем на бас гитара свирел често. Ем дувал езгии на кавал Ем на харфа везел со недели. Ем во тапани со денови си мавал Ем клавир свирел во морски предели. На крајот толку станал вешт Што го викале во цел свет Да свири место оркестри цели Во ноќи студени и во утра врели.
Илустрација: Зоран Кардула
Песна од книгата „Хор во задниот двор“, во издание на „Чудна шума“
Од истиот автор: