од Ванчо Полазаревски
За поларнава, триглава ламја, (по мајка ѝ) од царството Зелена Бамја, на свет работа нема полесна, сноуборд да вози за неа е - песна. И си скибордаше таа лево, па десно, па и се виде интересно, да се повози чат-пат, на обележан со шарени знаменца, кривулест пат. Тркачи имаше... не се знае колкумина, но таа на бафтана, прва низ целта мина. (Оти, да нема збрка, тоа беше сериозна трка.) Ламјата се изненади уникатно, кога освои медалче златно. Но наместо славје, ко што е ред работата доби чуден след, трите ламјини глави заглавија во кавга, не баш фина, се расправаат до ден-денес, која прва низ целта мина.
Илустрација: Наташа Костовска