од Ванчо Полазаревски
Каде води патот тој, знае само џуџето Џој. Пат, послан бран до бран, од перници шарени марени со љубов подарени. Ѕвездени перничиња меки памукчиња. Овој, од перници пат, верувај брат, точно во девет стасува кај ѕвезден кревет. И тогаш по магичен бонтон патникот паѓа во волшебен сон. Го сонува џуџето Џој, како оди по пат послан бран до бран, од перници шарени марени со љубов подарени.
Илустрација: Наташа Костовска