од Ванчо Полазаревски
Си бил еден маскенбал, ниту голем ниту мал. Тој се правел малку важен, оти бил маскенбал, ама маскенбал - тажен. Затоа робот умна глава, кловн со светска слава, доктор против грип, зајко, ама без џип и принцезата Анастасија, сите од земја Фантазија, му дошле, нека прости, неканети - на гости. Сега маскенбалот не е тажен, како него никој не е, по цел ден е весел и се смее.
Илустрација: Наташа Костовска