Источно од сонцето, западно од месечината

Скандинавска бајка

Еднаш многу одмна, си живвеја еден човек и неговата жена, а беа толку сиромашни што нивните деца немаа здрави чевли и често си легнуваа да спијат гладни.

Една зимска ноќ, човекот слушна три удари на прозорецот: чук, чук, чук. Излезе надвор, а таму имаше еден бел мечок.

„Добра вечер“, рече мечокот.

„Добра вечер, мечо“, рече човекот. „Како можам да ти помогнам?“

„Јас можам да ти помогнам“, рече мечокот. „Ако ми дадеш една од твоите ќерки, ќе те направам богат.“

Човекот си помисли на своите гладни деца, но премногу ги сакаше и не можеше да се раздели од ниедно. „Ти благодарам, мечо“, рече. „Но, не можам да ти дадам една од моите ќерки.“

„Во ред, ако така мислиш“, рече тажно мечокот, и си тргна низ снегот, газејќи во него со големите шепи. Одеднаш, слушна глас.

„Чекај, мечо!“ Тоа беше најмалата ќерка, Ева, која го слушаше целиот разговор.

„Јас ќе дојдам со тебе“, рече, „Ако го направиш татко ми богат.“

„Тогаш качи се на мојот грб“, рече мечокот. „Моето дебело крзно ќе те грее.“

Мечокот ја носеше Ева низ шумата, до една пештера. Внатре во пештерата имаше големо огниште и беше топло, а ги чекаше и прекрасна вечера. Откако вечераа, мечокот ја однесе Ева во убаво уредена спана соба, со огромен кревет со меки перници.

Откако си легна во креветот и ги изгаси свеќите, Ева слушна како некој влезе во собата кај неа и си легна на тепихот до креветот.

„Ти ли си, мечо?“ прошепоти Ева, но сè што слушна беше тивко грчење. Утрината кога се разбуди, беше сосема сама.

Времето врвеше. Ева ги поминуваше деновите со мечокот и набргу ѝ стана мошне мил. А секоја ноќ некој доаѓаше во нејзината соба, како и претходно.

Иако беше среќна, на Ева и недостигаше семејството.

„Ќе те однесам да ги посетиш“, рече мечокот, „но немој да ги слушаш советите од мајка ти — ќе ни донесат несреќа.“

Мечокот ја однесе Ева во една голема куќа, во која сега живееше нејзиното семејство. Тие сега беа богати и имаа сè што ќе посакаа. Кога ја видоа Ева, беа пресреќни, па само ја прегрнуваа и бакнуваа од радост.

Ева им раскажа дека живее убаво кај мечокот, но им спомна и дека секоја ноќ во нејзината соба доаѓа непознат посетител и спие на тепихот до креветот.

„Твојот посетител сигурно е некој трол“, рече мајка ѝ. „Ти советувам да запалиш свеќа додека спие и да видиш кој е.“

Истата ноќ, откако се врати во пештерата на мечокот, Ева се сети на советот н мајка си, но го заборави предупредувањето на мечокот. Кога нејзиниот посетител заспа на тепихот, таа запали свеќа.

Крај нејзиниот кревет лежеше прекрасен принц, со коса бела како крзното на мечокот. Кога се навали над него, од свеќата капнаа три капки восок на неговата кошула.

Принцот се разбуди: „Ох, Ева, што стори?“ викна принцот. „Мојата маќеа ме маѓепса, па требаше да живеам со тебе една година без да ме видиш, за да се прекине магијата. Сега ќе морам да се оженам за нејзината ќерка, принцезата-трол.“

Ева го молеше да не оди, но не можеше да го спречи.

„Каде ќе можам да те најдам?“ плачеше Ева.

„Во еден замок, источно од сонцето, западно од месечината“, одговори принцот. „Тоа е сè што знам.“

И во тој миг, принцот и пештерата и сè во неа исчезнаа, како никогаш да не постоеле.

Ева се најде сама во планината. Решителна, тргна да го бара замокот.

Одеше така со денови, сè додека не сретна една стара жена која во раката држеше златно јаболко.

„Ве молам, дали знаете како да дојдам до замокот, источно од сонцето, западно од месечината?“, праша Ева.

„Не“, рече старицата, „но земи го ова златно јаболко.“

Ева го зеде јаболкото, продолжи понатаму, па сретна уште една стара жена, која држеше во раката златен чешел. Ева ја праша за замокот.

„Не знам каде е замокот“, рече старата, „но земи го овој златен чешел.“

Малку подалеку, Ева сретна трета старица, која седеше покрај златно вретено. Уште еднаш Ева праша како да го најде замокот.

„Тоа знае само Северниот ветар“, одговори старицата и ѝ го даде на Ева златното вретено.

Ева трагаше и трагаше, сè додека не го најде Северниот ветар.

„Ќе те однесам таму“, фучеше Северниот ветар. „Држи се цврсто!“ И тогаш ја крена Ева високо во воздухот и ја оддува, источно од сонцето, западно од месечината, и ја спушти во тревата пред еден голем прозорец од замокот.

Принзезата-трол погледна низ прозорецот.

„Што сакаш за оваа златна топка?“ праша принцезата-трол.

„Пушти ме да останам една ноќ со принцот“, одговори Ева.

Принцезата-трол се согласи, но претходно му даде на принцот напивка за спиење, за Ева да не може да го разбуди.

Следниот ден, принцезата-трол праша за златниот чешел. Ева повторно побара да остане една ноќ со принцот. Како и претходната ноќ, се обидуваше да го разбуди, но не успеваше во тоа.

Третиот ден, принцезата-трол го побара златното вретено. Но, овој пат на принцот му стана сомнително што принцезата-трол му дава напивка, па само се преправаше дека ја испил. Кога Ева влезе во собата, принцоот беше буден. Ева му ја раскажа целата приказна за нејзиното патешествие.

„Сега можеш да ја прекинеш магијата и да ме спасиш!“ се израдува принцот.

Следното утро, принцот и кажа на маќеата дека ќе се ожени за девојката што ќе знае да го исчисти восокот од неговата кошула.

Принцезата-трол ја грабна кошулата, но никако не можеше да го исчисти восокот, туку само ја валкаше сè повеќе и повеќе.

Тогаш принцот ја повика Ева. Во истиот миг кога таа ја допре кошулата, восокот исчезна. Магијата беше прекината!

„Ова е девојката со која ќе се оженам!“ рече принцот, а неговата маќеа и нејзината ќерка ескплодираа од бес! Од нив останаа само купчиња пепел!

Принцот и Ева, веќе знаете… живееја среќно и весело до крајот на животот, во еден прекрасен замок, источно од сонцето, западно од месечината.


Превод од српски јазик: Билјана Црвенковска

Илустрација: freepik, Чудна шума


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s