Морската ѕвезда

од Румена Бужаровска

На дното на водната пространа шир
морската ѕвезда си немала мир.
„Што ѕвезда ќе бев, со живот на дно?
На врвот да бидам, тоа ми е сон!“
Па си зацртала таа конечна цел:
ќе стане самостоен селфи модел.
Селфи со кафе, селфи со чанти:
се сликала таа во две варијанти.
И добила следачи: орда планктон!
Толку се ситни – а тежат цел тон.
Трепкала бавно, виела краци,
прчела усни демек некој ќе баци.
Но поминал над неа гладниот кит,
Ги голтнал следачите само за миг! 
Па останала ѕвездата со чантата в рака:
без рајата планктон, кој ќе ја сака?

Илустрација: Јана Јакимовска


Од книгата „Што виде бубамарата?“ во издание на Чудна шума.


Од истите авторки:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s