Американски класици за деца – „Добра ноќ Месечино“

Елена Копртла

„Добра ноќ Месечино“ („Goodnight Moon“) на американската писателка за деца Маргарет Вајс Браун (1910 – 1952) веројатно една од најпопуларните и најчесто имитираните сликовници за пред спиење. Објавена во 1947 година до денес е преведена на десетина јазици и продадена во над 48 милиони примероци.

Маргарет Вајс Браун пораснала на Лонг Ајленд и дипломирала на Колеџот Холинс во Роаноке, Вирџинија. Потоа се преселила во Њујорк за да стане писателка инспирирана од модернистите од тоа време, особено од романите-на-струја-на свеста на Вирџинија Вулф и Гертруда Стајн. Станува дел од авангардното движење во образованието, во новоформираното Биро за образовни експерименти (ВЕЕ), денес Школа за образование на Бенк Стрит. Можеби Браун не е толку популарно име како Беатрикс Потер или Доктор Сус, но со своите иновативни согледувања за искуствата на децата и што тие навистина сакаат ја револуционизира детската литература. Кога „Добра ноќ Месечино“ била првпат објавена  се сметала за толку прогресивна книга што Њујоршката библиотека не ја откупила цели 25 години, иако тоа не било никаква пречка да стане една од најомилените книги за деца во САД.

„Добра ноќ Месечино“ нема заплет и навидум е со едноставен коцепт. Го опишува ритуалот на легнување на мало зајаче, кое ги прегледува сите предмети во својата зелена соба и на секој предмет му посакува добра ноќ. Зајачето го легнува постара зајачица, идентификувана како „тивка стара дама“, веројатно баба или дадилка. Илустрирана е од Клемент Хрд и трансформациите кои се случуваат низ книгата се видливи токму низ илустрациите. На пример, од менувањето на стрелките на часовникот во собата и Месечината која расте и се издигнува кога зајачето е сè поблизу до сонот. Хрд користи светли водени бои за да се издвојат одредени аспекти – за подот светли црвени тонови, а за ѕидовите на собата живописна зелена боја. Мебелот е во светли бои како столче за лулка и црвен кревет, жолта маса и завеси со риги. Ликовите се прикажани во пижами и ноќници, а зајаците се илустрирани да изгледаат онака како читателот би ги замислил. Има и мачиња кои си играат со предиво на подот, телефони, чешли, глувче, слики од крава што галопира по Месечината и три кафеави мечки.  Како што се доближува крајот на книгата светлината на светилката се гаси, собата се втурнува во темнина, а зајачето им вели „добра ноќ“ на ѕвездите, воздухот и звуците наоколу.

„Добра ноќ Месечино“ е книга-метод за заспивање со тоа што децата ќе кажат добра ноќ на сè што е во спалната соба. Многу од децата не сакаат да бидат сами додека заспиваат, се плашат од темнината или имаат други тешкотии со заспивањето и преку читањето на приказната за малото зајаче им се помага да не се чувствуваат сами во собата и безбедни. Она што започнува како приказна завршува со активност и будење на имагинацијата и на крај, мирен сон.

Инаку во март годинава, во Њујорк беше отворена изложбата на мебел и предмети Goodnight House инспирирана токму од книгата на Вајс чии автори се уметничкиот колектив Fort Makers, додека минатата година, за време на првиот бран на пандемијата, Penguin Random House ја објави „Добро утро Зум“, пародија на детскиот класик на авторката Линдзи Речлер и илустрирана од Џун Парк, а приказната се префрла на печењето леб, школување дома и сè она што го одбележа животот за време на пандемијата.

Сузан Сарандон ја чита „Добра ноќ Месечино“


Извори:

https://lareviewofbooks.org/article/goodnight-moon-almost-75-years-later/

https://www.wallpaper.com/design/goodnight-moon-furniture-design

https://eu.usatoday.com/story/entertainment/books/2020/08/03/goodnight-moon-covid-19-pandemic-parody-fall-release/5571688002/

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s