Еднаш, еден млад мравојад

од Ванчо Полазаревски

Еднаш еден мравојад,
мошне млад, голобрад,
застанал и свикал од јад:
– Мравки само јади, јади...
Ете што сме ние – мравојади!
Јас можеби не сум со сите
aма сакам поинаку да ми врват дните.
Се загреал мравојадот ко грејач,
сакал да стане оперски пејач,
Париз да види,
со парижани едно да биди.
Освен здодевни мрави
да проба шкампи, бифтеци од крави.
Сакал да вози ракета
ко молња, во молскавичен лет,
да запознае и некој друг, т.н. немравојад свет,
некој што само брза, ништо не пази,
а не ко него, мравојад, цел живот лази, лази.
Се прашувал и зошто е мравојад?
Зошто не е црешојад или крушојад?
(Но како што знае стар и млад,
некои прашања се само бол и јад).
Немал ништо мравојадот против,
во животот, љубовта
да му е важен мотив.
Да се ожени за мравојатка,
се разбира, мошне млад(к)а.
Да си имаат пет-шест деца,
да ги плашат со
„Ако не сте добри,
ќе ве папа баба меца.“
Сакал овој тип да
вози сузуки џип
од Штип, па накај горе, горе,
да се лади на Северно Море,
да стигне на Северен Пол,
со фоки да игра ватерпол(о).
Сакал ова, сакал она...
да чини, да прави,
ама зошто, како, каде... тргнал – 
сосем заборавил.

Илустрација: Алексеј Костовски


Песна од стихозбирката „Баба Рога вежба јога“, во издание на Чудна шума


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s