од Владимир Мартиновски
Во тамбурата на тато Влетаа две пчели Еден мајски бумбар И стотина мушички. Додека се сетив дека Вчера во отворот фрлив скапана слива оркестарот од бубалки однатре ги отсвири Бумбаров лет Кармина Бурана Калеш бе Анѓо и Слушај кај шумат буките.
Илустрација: Зоран Кардула
Песна од книгата „Хор во задниот двор“, во издание на „Чудна шума“
Од истиот автор: