од Владимир Мартиновски
Нема концерт на кој не била Кобилата наша Мила. За неа е баш тажно и пусто Кога нема свирки на Вудсток. Таа секогаш бис си бара На Миланската скала. Нашата кобила Мила била И во операта на Бастилја. Еднаш го гледала најубавиот ној Како игра балет во Бољшој. Го знае Мила како секој наш дол Секое столче во Карнеги хол. Од мала Мила весела е ко во штала На концертите во Универзална сала.
Илустрација: Зоран Кардула
Песна од книгата „Хор во задниот двор“, во издание на „Чудна шума“
Од истиот автор: