од Владимир Мартиновски
Има еден папагал баш чуден Дење и ноќе нонстоп е буден. Сите мислевме дека нема слух (А тој да ти бил мајтапчиски дух). Кога му велат: Ај речи „кокос“! Тој брзо враќа: Ај сечи компот! Кога му велат: Ај кажи „диња“! Тој повторува: Ај мажи свиња! Му речеш ли: Кажи ни ја „Ленка“! Тој си пее: Дај ми прво пченка! „Не дослушува!“ – мислевме долго Па го пративме кај психологот. „Вицкаст е!“ – рече нашиот лекар Па така го доби својот прекар.
Илустрација: Зоран Кардула
Песна од книгата „Хор во задниот двор“, во издание на „Чудна шума“
Од истиот автор: