од Мира Смаќоска Танеска
Настина облачето меко ноќта се напило студено млеко сега со другарките ѕвезди не може по небото да езди. Да си играат го вика Ѕвезда да ги задеваат врапците во гнезда Облачко кашла, кива денеска за ништо нема сила. Ѕвездичките ветија и шалче му сплетоа го завија со шалчето меко му простија за студеното млеко. Чуле Месечко си загубил ракавица се смрзнал во оваа лапавица Ѕвезда нешто ќе смисли другарчето да не им кисне. Вредните ѕвездички светат месечеви ракавички плетат ах колку ретка глетка небото од љубов светка.
Илустрација: Инес Ефремова