од Ванчо Полазаревски
Паторот Патко ја виде патката Ратка со друг како по барата плови, му се слоши, падна болен, беше за нигде никаде, ко да е шеќер солен. На лекар отиде со трчаница, овој го прегледуваше, без брзаница и тоа цел ден, му рече: – Здрав си ко дрен. Потоа ѕирна кон барата ја виде патка Ратка со друг во прошетка кратка, се штрекна и рече гласно оти сѐ ко ден му беше јасно: – Здрав си, но да се признае мора страдаш од т.н. паткина љубомора. Затоа ќе ти препишам лек: – Пречекај ја на другиот брег, таа твоја патка Ратка, и, како ништо да не било, речи ѝ: – Ова што те гледам е нешто, на цел свет – најмило.
Илустрација: Алексеј Костовски
Песна од стихозбирката „Баба Рога вежба јога“, во издание на Чудна шума
Од истиот автор: