од Владимир Мартиновски
Се затрескал слонот Симе Во слоницата убавица Симона. Па како да ја освои се мислел (А пусти Симе ни е најсилен Ни највисок ни најбрз А ни баш најличен слон). Па се сетил Симе и засукал Сурла и од неа направил Најубав тенор саксофон. Ене ја Симона по цел ден Воздивнува дур Симе вешто Свири песни од Нина Симон.
Илустрација: Зоран Кардула
Песна од книгата „Хор во задниот двор“, во издание на „Чудна шума“
Од истиот автор: