од Ванчо Полазаревски
Ѝ се жали петелот на наша Славица многу страдал од вртоглавица. „Тешко ми е, провев ме уби од сите страни...“ и почна да реди триста маани. Славко ѝ рече на Славица по повод оваа вртоглавица: „Белки на господинот петел од нашата медицина живеачката ќе му биде пофина.“ „Диши, не диши... петлу, зини... ко да си од челик, толку си јак... и да не си нѐ викнал за ништо пак.“ Петелот од радост блесна и ја кукуригна најновата песна.
Илустрација: Наташа Костовска
Од истиот автор: