Жирафа свири на харфа

од Владимир Мартиновски

Не знаевме дека и жирафата Сара
Си имала своја добро скриена дарба.
А и не мораше посебно да ја бара:
Еден ден одеднаш засвири на харфа!

До бандерите со затегнати жици
Кога дождот секна и ветрот се смири
На Сара случајно две шарени птици
ù дадоа идеја со ушите да си свири.

На едната жица Сара го најде тонот „сол“
Па после почна да свири и цели скали
Сите ја слушаат сега: слон, лав, вол...

Сега жирафата Сара саноќ жиците ги гали
Свирејќи им на своите седум слатки чеда
Приспивни песни кои до зори се редат.



Илустрација: Зоран Кардула


Песна од книгата „Хор во задниот двор“, во издание на „Чудна шума“


Од истиот автор:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s