Стогово или Стоговскиот масив го сочинуваат планините Стогово и Караорман.

Каде се наоѓа: Стогово се наоѓа во западниот дел на Македонија и се надоврзува на планината Бистра. Може да се дојде до него по патот Маврово-Дебар, а потоа преку селото Гари. Караорман е сместен во продолжение на Стогово и се спушта до Охридско-струшката Котлина.
Позначајни врвови: највисок врв Голем Рид (2.268 м) и Бабин Срт (на Стогово); Орли Врв (на Караорман).
Позначајни леднички езера: Горно и Долно Езеро, Маруша (на Стогово).