од Ванчо Полазаревски
На лозјето на Данчо живееше страшилото Страшко, елегантно страшило машко. Работата му беше песна, од лесна полесна - да плаши крадци на грозје, да го чува тоа мало лозје. Арно ама, за таа работа, тој немаше баш јуначки став, а ќе видеше птица, просто умираше од страв. И затоа се моли стопанот на лозјето, нека прави што ќе прави, ама на Страшко мора нозе да му стави. Па кога ќе налетаат птици, со тие нивни птичји крици, а страшилото страв го зграпчи, па почне без милост да го стега, да може Страшко јуначки - дома да бега.
Илустрација: Наташа Костовска
Од истиот автор: