
Ливадскиот синец е пеперуга од семејството синци, којашто живее и во Македонија. Инаку, таа може да се најде во јужна и Средна Европа, Мала Азија, па сè до Сибир и Казахстан.
Оваа пеперуга живее во тревни предели, предели со грмушки и крај шумите. Има распон на крилјата од 26 до 32 мм. Горниот дел на крилјата е синкаво-виолетов кај мажјаците, а кај женките обратно.
Возрасните единки летаат од мај до септември. Во зависност од локацијата, овие пеперуги имаат од две до три генерации годишно. Ларвите се гранат со листови на растенијата