Торта

од Александра Симова

Морам на диета,
Ова веќе не оди вака!
На што личам олкава?
Зар некој ќе ме сака?

Прв кат црн
Од темно чоколадо
Втор кат шарен
Како вистинско торнадо.

Трет кат жолт
Од ванила и жолчки
И четврти кат имам
Со банани како очи.

Помеѓу имам и филови
Затоа сум дебела јас
Од ореви, афион и џемови
Плус чоколадо горе - шплас.

Не жали се, убавице
Рече кујнскиот нож
Дојди ваму кај мене 
Да се стопиш како на дожд.

Ја подели парче по парче
За големи и за мали
Со бакнеж во секое залче
Тортата сите ги гали.

Илустрации: Ирина Атанаскова – Ина


Од книгата „Слаткозборки“, наскоро во издание на Чудна шума

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s