Каде се наоѓа: се наоѓа во југозападниот дел од Македонија, помеѓу Пелагонија и Преспанската Котлина, а во близина на градот Битола. Еден дел од планината е прогласен за национален парк „Пелистер“. Искачувањето до врвот Пелистер и Големо Езеро е можно од повеќе правци од битолската страна, како и од селото Брајчино од преспанската страна.

Позначајни врвови: највисок врв Пелистер (2.601 м), Илинден.
Позначајни леднички езера: Големото и Малото Езеро (наречени и Пелистерски очи).
Прочитајте повеќе за Баба Планина.