Јакупица (Јакупичкиот масив) е познат и под името Мокра. Дел од овој масив се планините: Јакупица, Караџица, Даутица, Голешница, Китка, Мумџица (Алдинска Планина), Салакова Планина и Осој. По површина е најголем планински масив во Македонија.

Каде се наоѓа: овој масив го зафаќа централниот дел на Македонија и е лесно достапен од Скопје или од Велес и селата во оваа област. Врвот Солунска Глава може да се освои од две страни; од скопската страна – преку планинарскиот дом „Караџица“ и од велешката страна – преку планинарскиот дом „Чеплес“, односно преку селата Нежилово и Папрадиште.
Позначајни врвови: највисок врв Солунска Глава (2.540 м); Караџица, Попово Брдо, Остар Брег, Убава, Остар Врв, Даутица, Перчулица…
Извори и водопади: изворите и водопадите на реката Бабуна.
Леднички езера: Големо и Мало Салаковско Езеро (на Караџица).
Прочитајте повеќе за Јакупица.