од Ванчо Полазаревски
И кога е ведро И кога ко сребро Полна Месечина По небо езди Гледај, никако Да видиш ѕвезди Ај беља, седнав На интернет Читај од средата До саботата и Веднаш разбраа Во што била работата Од тие сателити сонди И вселенски летала Горе пратени Секојденски Се натрупа отпад Вселенски Му текнало На секоја бараба Ќе бил хит Ако и тој лансирал Каков и да е сателит Ај што океани Изгнасивме Да видиме како Небото над нас Да го спасиме И решение просто Во умот ми се врежа Ни треба вселенски Брод со џиновска мрежа Тој треба само околу Земјата да кружи Мрежата да лови Со отпадот да се „дружи“ Сателити сонди... ламарини Божем модерни фини Со бродот овие денови Ќе ги ловиме ко кленови Грозното вселенско ѓубре И тебе ти скисна Гледам за идејава Лајкче ни стисна.
Илустрација: Алексеј Костовски
Песна од стихозбирката „Баба Рога вежба јога“, во издание на Чудна шума
Од истиот автор: