Корапскиот масив го сочинуваат планините Кораб, Дешат и Крчин.
Каде се наоѓа: планината Кораб се наоѓа во западна Македонија, на границата со Албанија. До неа се доаѓа преку Гостивар или Дебар, по патот Гостивар-Маврово-Дебар. Патот кон Кораб води низ селата Ничпур и Стрезимир. До планините Дешат и Крчин се доаѓа по истиот пат, а се врти кон селата Ростуше и Битуше.
Поголемиот дел од планините Кораб, Дешат и Крчин се наоѓаат на подрачјето на Националниот парк „Маврово“.
Позначајни врвови: Голем Кораб (2.764 м) – највисока точка на Корапскиот масив, на Шарскиот планински венец и највисок врв во Македонија, Мал Кораб, Кепи Бард, Црна Чука, Кабаш, Рибничка Скала…, на Кораб; Веливар, на Дешат (2.375 м); Голем Крчин, на Крчин (2.341 м).
Позначајни леднички езера: Големо Корапско Езеро (2.500 м. – највисоко ледничко езеро во Македонија), Чукино Езеро, Изгревно Езеро, Мало Корапско Езеро, Бачилско Езеро, Бабино Езеро – на Кораб; Локув на Дешат (1.500 м. – најниско ледничко езеро во Македонија).

Позначајни водопади: Корапскиот водопад на Длабока Река на Кораб, со висина од 130 метри – највисок во Македонија – но тој не е постојан водопад, туку е видлив во пролетните месеци, со топењето на снеговите.
