од Ванчо Полазаревски
Кога спиеме ние, каде оди сонцето, белки и тоа спие? Тајната се растајни лесно и тоа беше многу интересно. Малечкиот Иги, наместо да спие тргна да види каде тоа сончко цела ноќ се крие. И сѐ уште не им верува на очите, кога виде каде сончко ги минува ноќите. Кога ќе се измори од обврски денски, сонцето ужива во кревет откачен, ептенски. Направен од парче небо и грст ѕвезди, во него сонцето нанка, во сон по небото езди. Покриено е со облаче боја лила, како само ужива, мајко мила. Ете така сонцето спие, а што сонува - погодете вие.
Илустрација: Наташа Костовска
Од истиот автор: