од Ванчо Полазаревски
Пеликанот, никогаш сит земал кредит, купил нуркач со опрема каква ни еден пеликан нема, за риболов со план јасен и улов на рипки, многу ефикасен. Нуркачот сега набавува храна а пеликанот има време за теретана, за мал фудбал во дворана, за своето хоби, цртање морски пејзажи по соби, да патува и биде ист, ко секој турист, да чита белетристика, вежба гимнастика... Да прави ова, да прави она.... секој ден да му е ко бонбона. А пред тоа што?! Живот со огромна мана, од утро до мрак - ловење храна.
Илустрација: Наташа Костовска
Од истиот автор: