Наопаку

од Александра Симова

Како ли животните 
Одат на глава? 
Како ли птиците 
Летаат во слава?

Зошто е сонцето долу, 
А земјата горе? 
Како расте дрвото
Со гранките од море?

Вакви мисли тешки
Го мачеа еднаш 
Малото лилјаче 
Застанато на бездна. 

Со малите канџи 
Цврсто ја зграпчил 
Карпата студена 
И за работ се фатил. 

Кој е наопаку?
Јас или тие? 
Никако да дознам 
Како да спијам?

Се мисли така 
Лилјачето мало 
А кутрото, уморно
За сон душа дало. 

Го совлада умор 
И тешка мисла
Заспа лилјачко
Опушти крилjа. 

И на сон лета 
Крај сонцето златно 
Со сите други птици 
Си лета во јато 

Одеднаш – трес! 
Што е ова? Кај сум? 
Падна на земја 
И остана простум. 

Писнаа во смев 
лилјаците – чесни старци:
Како вака, малечок?
Од лилјаци си, или од врапци?

Па што ако паднав! 
Зар е тоа за смеа? 
Можеби сум птица
и ќе дремам под стреа! 

Оставете ме на мира 
Висам, летам со стас
Зарем мора и јас 
Да сум ист како вас? 

Таа нека лета на глава
На нозе нека си виси тој 
Пливајте и на меше, дури - 
по свое да живее секој.

Илустрации: Вања Штркова

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s