од Ванчо Полазаревски
Секоја вечер иста слика, Луна до креветот на Ања се пика. Секоја ноќ, таа на лошите сништа: стоп! Сите ќе ве пикнам в топ. Па бум-трас, подалеку од нас. А вие, повелете, влез, за вас, мадам принцез. Исто и за принцот убав ко слика што од љубов блика. Елате и грофици и дами ружи, кринови и циклами. Добредојдени се и сништа со торти и слатки од сите сорти... И затоа секое сабајле со проѕевање вели Ања: - А-ах, ова спиењево, баш е бања.
Илустрација: Наташа Костовска
Од истиот автор: