од Ванчо Полазаревски
Медо ми нуди круша медена: - Земи ја, вели, заради тебе не е изедена. Рака само треба да пружам, и веќе со зрели малини се дружам. Јаготка, црвена жар, драгоцен е дар, од заспан еден, мал цар. Јаболко црвено, стои како здрвено, од мене ако не е изедено, тешко ќе било навредено. И, ете, сега знаете зошто не сум ниска? Со овошјето сум многу блиска.
Илустрација: Наташа Костовска
Од истиот автор: