Замок за сонување

од Ванчо Полазаревски

Постела мека чека
и ѕвездено сонување,
сѐ е тука за долго,
долго патување.
Сања и куклето Бебел
тиркизен дворец ги чека,
нестрплив е, не видел
принцеза неколку века.
Сања се чуди, кадрици витка,
во таа приказна свежа ко китка,
како ли ќе принцезува,
принцеза од јаве што се увезува?
Што ќе прави, како ќе ѝ оди
меѓу грофови и војводи?
Кој правилата ѝ ги одредува
кој сѐ ќе ѝ наредува.
А нејзината главна мака
е дали како принцеза
ќе може да прави сѐ што сака.
Ако и таму треба, во животот
сѐ да ѝ е под конец,
ќе збесне веднаш 
ко експрес лонец.
Настрана сѐ, кажувајте
без зезање:
Да не знаете некој принц,
онака... за малку ѕенѕање.
Побрзајте кај
дворецот
да се најде,
Оти Сања веќе
в сон ќе зајде.


Илустрација: Наташа Костовска


Од истиот автор:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s