Нова година на повидок, нова рубрика. 🙂
Рубрика насловена – „Чудношумци“. Идејата зад рубриката – претставување на суперкул ликови што пишуваат, цртаат и измислуваат ултрајаки работи за деца. 🙂
Почнуваме со првата илустрација и првото претставување, која беше и повод за отворање на оваа рубрика. Илустрацијата со чудниот Дедо Мраз на Ѓорги Атанасовски, илустратор и аниматор кој живее и работи во Битола, е нацртана додека неговиот син Томислав го правеше истото – на креативните работилници „Зимска бајка“ поддржани од Чудна шума. 🙂