Не е лесно да си коза

од Ванчо Полазаревски

Слушај меее!
Не е лесно,
а ни интересно,
туку просто е ко боза,
чуму ми е да сум - коза?
Да. Не е едноставно,
А што брстиш,
не баш бавно,
гранки кревки, танки,
најубави фиданки?
Меее!
Така ќе да е. 
Цел ден брстам гранка,
ама по ридови се козам,
а вечерта секоја странка:
„Дојди, да те молзам.“
Да, не е баш
тој систем наш,
козо драга, за браво,
ама сирењето, што е право,
тооолку ти е здраво...
Тоа точно е. Но не е сѐ.
Меее!
Не е лесно и душа
ме боли чедна,
покрај сѐ ова, да се слуша
„Козо мори, една!“
Е, да. Во право е.
Меее!

Илустрација: Наташа Костовска


Од истиот автор:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s