Што да читаме неделава? (4)

Чудна шума препорачува

Денеска во нашата читална препорачуваме неколку преубави книги за деца. 🙂

Наградуваната книга за деца „Дрвото“ од Бардур Оскарсон, во издание на ПНВ Публикации.

Зајакот Боб се прашува што ли има зад едно дрво во далечината. Што би можело да има таму? Еднаш дури и се осмелил да оди дотаму, но пред да успее да види што било, наишло куче и тој морал да избега. Но, оттогаш, неговата љубопитност, но и мислата за непознатото не го оставаат на мира. Сепак, не е сигурен кога повторно би собрал смелост да оди таму. Но, на негово големо изненадување, неговиот дотогаш добро познат пријател   ̶ кучето Хилберт, му кажува нешто толку неверојатно, па Боб не е сигурен дали во нешто такво би можел да поверува.

Sирнете во книгата ТУКА или ТУКА.

Нарачајте онлајн


Сликовницата „Која е бојата на бакнежот?“ од Росио Бониља, во издание на ТРИ.

Минимони многу сака да бои: црвени бубамари, сини неба, жолти банани…
ама никогаш нема обоено бакнеж.
Каква ли е бојата на бакнежот? Црвена како вкусен сос од домати?
Не, зашто тоа е бојата кога си лут…
Дали е зелен како крокодилите, кои отсекогаш толку многу ѝ се допаѓале?
Невозможно, зашто тоа е бојата на зеленчукот, а таа не сака да јаде зеленчук!
Како би можела да дознае која е бојата на бакнежот?

Нарачајте онлајн


Сликовницата „Го видел ли некој другото зајаче?“ на Маранке Ринк и Мартајн ван дер Линден, во издание на Сказнувалка.

На првите две страници од Го видел ли некој другото зајаче? се насликани картички за играта Најди го двојникот/Меморија. Само една од картичките е отворена.
Зајак. „Зајко го бара другото зајаче“, се вели. На следните две страници, отворена е уште една картичка што открива црвен авион. „Но, наоѓа авион.“ Одеднаш се нурнуваме во светот на играта и го гледаме зајакот во црвениот авион во потрага по неговиот пар.
Маранке Ринк ја раскажува приказната за ова потрага небаре детето ја замислило за време на играта: преполна со апсурдни пресврти, кралеви, змејови, авиони, автомобили и чамци. И сите овие имаат идентичен двојник таму некаде. Белината на страниците се комбинира со свежи бои, па илустрациите се свежи и јасни.
Вистинските картички за игра на задната корица ја дополнуваат оваа иновативна книга.

Sирнете во сликовницата ТУКА и ТУКА.

Нарачајте онлајн.


Книгата за деца „Расположенијата на Хиполит Колбас“ на Роксана Јенджејевска-Врубел и илустрации на Гражина Ригал, во издание на Бегемот.

Не постои покаприциозен јазовичар од Хиполит Колбас. Ту ќе падне во длабоко размислување, ту ќе прави гримаси над чинијата, ту ќе кука над својата судбина, ту… Е, ова куче си има расположенија, си има. Не е лесно да се биде негов другар. За тоа е потребно ангелско трпение и огромно спокојство. Кој ги има? Мачорот Среќко Котлев, верниот другар, кој без двоумење ќе одговори на секој СМС, ќе го нахрани со колбавчиња, ќе помогне да го пронајде загубеното расположение. Па, дури и ќе ја предаде својата желба, зашто што не се прави за пријателството…

Прочитајте извадок од сликовницата ТУКА или симнете пдф-документ ТУКА.

Нарачајте онлајн


Што читавме минатите недели:


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s