
Author: J Ligero & I Barrios. License: CC BY 3.0
Зајаците се цицачи што живеат во групи, најчесто во тунели и простории што ги копаат под земјата. Живеат претежно во шуми и ливади. Иако потекнуваат од Европа, денес ги има на речиси сите континенти, освен на Антарктикот и на некои острови во Југоисточна Азија. Сепак, постојат многу видови зајаци кои се разликуваат по многу работи, од тоа каде живеат, до нивните надворешни карактеристики. Покрај дивите зајаци, постојат и питоми.
Неколку интересни факти за зајаците:
– Забите на зајакот никогаш не престануваат да растат! Но, тие се трошат со грицкањето трева, полски цвеќиња, корења, лисје, кора од дрвја и различни зеленчуци.
– Кога е среќен, зајакот изведува посебен скок во воздухот!
–Очите на зајакот се наоѓаат странично на неговата глава, што значи дека тој може да гледа на сите страни околу себе. Тоа му помага брзо да ја забележи опасноста и да избега. Покрај очите, неговите долги уши му овозможуваат оддалеку да ги наслушне грабливите животни.
– Исто како и мачките, и зајаците предат кога се задоволни и опуштени!